ХАЈ - ФАЈ  08.10.2015

Година: 1987, Режија: Владимир Блажевски, Сценарио: Горан Стефановски, Улоги: Фабијан Шоваговиќ, Данчо Чарески, Елизабета Џоревска, Мето Јовановски, Вукосава Донева

ТРИ АНИ 09.10.2015

Година: 1959, Режија: Бранко Бауер, Сценарио: Слободан Глумац, Улоги: Гал Дубравка, Стефановиќ, Душан, Кон Марија, Мишовиќ Светлана

СРЕЌНА НОВА `49  10.10.2015

Година: 1986, Режија: Столе Попов, Сценарио: Гордан Михиќ, Улоги: Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владислава Милосавлевиќ

  

Makедонските филмски класици снимени во последните децении од минатиот век се работени во поинакви технолошки услови од филмовите снимени денес - во дигиталната ера. Промената на технологијата влијае и на креативниот израз - филмските автори и работници во минатото имале поинаков пристап кон филмскиот кадар, а тоа се приметува во искреноста и неповторливоста на сцените, визуелните решенија кои на моменти делуваат скромно, но сепак останале во сеќавањето на генерации филмски заљубеници.

Бидејќи под познатото лого на Вардар Филм беа снимени дузина впечатливи филмски дела, а охрабрени од фактот дека публиката од просторите на поранешна Југославија и денес посакува да ги гледа македонските филмски класици, се одлучивме да овозможиме филмовите да бидат достапни и во комерцијално домашно кино.

Петдневна филмска програма со наслов „Македонски филмски класици“, како дел од наследството на „Вардар филм“, се одржува од 8 до 12 октомври во „Синеплекс“. Филмската ревија содржи пет македонски играни филмови и беше најавена од министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, директорот на НУ Филмски центар „Вардар филм - Македонија“, Димо Попов, и претставничката на „Синеплекс“, Кети Кочкова Јовашевиќ.

Ревијата „Македонски филмски класици“ се реализира како активност во функција на навраќање и потсетување на дел од најзначајните филмски остварувања создавани во најдобрите и најплодните години на продуцентската куќа „Вардар филм“.

„Како што знаете, оваа продуцентска куќа од своето основање во 1947 година до 90-тите години беше единствениот македонски филмски продуцент и таа несомнено ги постави темелите на македонската кинематографија. Со поддршка на ’Вардар филм‘ беа снимени повеќе големи филмски остварувања кои и денеска се императив во филмската историја на државите од регионот и пошироко. Во таа смисла, со задоволство би сакала да го најавам првото издание на фестивалот ’Вардар филм прикажува – македонски филмски класици‘, во чии рамки ќе бидат прикажани пет исклучително важни филмови, кои во периодот од 1959 до 1991 година беа создадени под логото на ’Вардар филм‘ и беа наградени со релевантни признанија“, истакна министерката Канческа-Милевска.

Првата клапа од снимањето на долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, поддржан од Агенцијата за филм на РМ, ќе падне на 19 октомври (понеделник), во 12.30 часот, на локацијата Мал парк во Струмица. Играниот филм „Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ - Скопје, копродуценти се Македонската телевизија и „Арт-попкорн“ од Белград, а помагатели на проектот се Општина Струмица, Босилово и Василево. Сценариото филмот е работено по драмски и прозни мотиви на писателот Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева заедно со косценаристот Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, една музичка нумера во филмот изведува групата „Баклава“, а филмот ќе го монтира Андрија Зафрановиќ.

Настани

Производи за изнајмување

  • 047_13-06-15 copy.png
  • 052_13-06-15 copy.png
  • 142_14-07-15.png
  • 162_garderoba_14-07-15 copy.png
  • 169_garderoba_14-07-15 copy.png
  • 222_garderoba_14-07-15 copy.png
  • 225_garderoba_14-07-15 copy.png