Од 4. до 9. октомври во киното „Тушканац“ во Загреб ќе бидат прикажани филмските класици во продукција на Вардар Филм. Програмата под наслов ПАНОРАМА: ОД РИЗНИЦАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ќе содржи играни филмови на Кирил Ценевски (Црно семе, 1971), Љубиша Георгиевски (Под исто небо, 1964; Цената на градот, 1970; Планината на гневот, 1968), Столе Попов (Црвениот коњ, 1981;Среќна Нова ’49, 1986), Димитрие Османли (Жед, 1971), Бранко Гапо (Време без војна, 1969), Бранко Бауер (Три Ани, 1959) и Живорад Жика Митровиќ (Мис Стон, 1958). Манифестацијата ќе биде отворена со филмот „Колнати сме, Ирина“ (Татко) од 1973 година, на македонскиот актер и режисер Никола Коле Ангеловски.

Иницијатори на ова претставување на македонската култура и кинематографија во Загреб и Хрватска се Сојузот на македонското национално малцинство на град Загреб и македонското културно друштво „Охридски бисер“, во партнерство со Н.У. Кинотека на Македонија и Вардар филм. Изборот на филмови го направи уредникот на филмската програма на киното „Тушканац“, Марко Ројниќ.

Гости на манифестацијата ќе бидат директорот на Н.У. Кинотека на Македонија, Владимир Ангелов, и директорот на Вардар филм-Македонија, Арсим Рамадани.

Повеќе за програмата на следниве линкови:

www.vardarfilm.mk 

www.kinoteka.mk 

www.kinotuskanac.hr/cycle/panorama-iz-riznice-makedonskog-filma 

www.nacionalnemanjine.hr/iz-riznice-makedonskog-filma 

 

 По кратко боледување, ноќеска во Скопје почина Драган Салковски, еден од најеминентните македонски филмски сниматели и еден од доајените на македонскиот филм.Салковски во својата биографија од 1959 година до денес застана зад камерата над повеќе од 100 филмски остварувања. Речиси непогрешлив во кадарот и препознатлив во естесткиот израз, Салковски остави големо филмографско богатство и неизбришлива трага во македонската кинематограферска меморија.Пред три години ја доби наградата „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија.Драган Салковски со филмска дејност професионално се занимава од 1959 година. Од 1969 до 1997 година работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје. Покрај својата снимателска дејност, во сферата на македонскиот документарен филм соработува и во реализацијата на десетина играни филмови во продукција на „Вардар филм“ и во уште толку во странска продукција.За своето снимателско умеење, добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна плакета за најдобра камера за филмот „Јазол“ на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола (1985), додека филмовите „Тулгеш“ и „Ликвидатор“, во чијашто реализација учествува, се добитници на Гран-при на Фестивалот на документарен и кусометражен филм во Белград.

Настани

Производи за изнајмување

  • 047_13-06-15 copy.png
  • 052_13-06-15 copy.png
  • 142_14-07-15.png
  • 162_garderoba_14-07-15 copy.png
  • 169_garderoba_14-07-15 copy.png
  • 222_garderoba_14-07-15 copy.png
  • 225_garderoba_14-07-15 copy.png