Филмската ревија со наслов „Македонски филмски класици“, како дел од наследството на „Вардар филм“, по прикажувањето во текот на октомври 2015 година во киното „Синеплекс“ во Скопје, беше прикажана и во 12 градови низ Република Македонија. Филмскиот центар „Вардар филм – Македонија“, покрај својата основна дејност, обезбедување техничка поддршка за филмските продукции, интензивно и посветено работи и на развојот и промовирањето на македонската филмска уметност.

Љубителите на седмата уметност во 12 македонски градови ги гледаа класиците: „Хај – Фај“ во режија на Владимир Блажевски (снимен 1987); „Три Ани“ во режија на Бранко Бауер (1959); „Среќна Нова ’49“ во режија на Столе Попов (1986); „Планината на Гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски (1968) и „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (1991).

Националната установа Филмски центар „Вардар филм - Македонија“ - Скопје склучи договор за соработка со Македонски Телеком АД – Скопје за прикажување на македонски филмски класици во Видеотеката на МаксТВ, по барање од страна на корисниците на МаксТВ-услугата на МКТ на територијата на Република Македонија. Аудиовизуелните дела продуцирани од страна на Филмскиот центар „Вардар филм“ се достапни за корисниците на МаксТВ услугата на Македонски Телеком АД - Скопје од 20.11.2015 година.

Со првиот пакет филмови во Видеотеката на МаксТВ поставени се 15 македонски филмови, и тоа: „Хај - Фај“ во режија на Владимир Блажевски (продукција во 1987); „Три Ани“ на Бранко Бауер (1959); „Среќна Нова ’49“ на Столе Попов (1986); „Планината на гневот“ на Љубиша Георгиевски (1968); „Тетовирање“ на Столе Попов (1991); „Австралија, Австралија“ на Столе Попов (1976); „Дае“ на Столе Попов (1979); „До победата и по неа“ на Жика Митровиќ (1966); „Мис Стон“ на Жика Митровиќ (1958); „Под исто небо“ на Миомир Стаменковиќ и Љубиша Георгиевски (1964); „Солунските атентатори“ на Жика Митровиќ (1961); „Републиката во пламен“ на Љубиша Георгиевски (1969); „Црно семе“ на Кирил Ценевски (1971); „Црвениот коњ“ на Столе Попов (1981); и „Цената на градот“ на Љубиша Георгиевски (1970).

Филмскиот центар „Вардар филм – Македонија“, како наследник на брендот „Вардар филм“, во својот фундус поседува камиони кои се изнајмуваат за потребите на филмските продукции. Продукцијата „Револушн“-Скопје, за потребите во текот на снимањето на филмот „Златна петорка“, изнајми три камиони. Режисерот Горан Тренчовски објасни дека камионите се користени со повеќе намени, а најважните биле следните три намени.

1) Со сценографот Кирил Спасески сакавме веродостојно да ја доловиме епохата (50-тите години од 20. век) низ појавување на движечки или паркирани моторизирани возила, меѓу кои и неколку оригинални камиони. Тогаш во градовите имало само по неколку такви, а со нив располагале или Општината, или ЈНА, или УДБА. Сличен бил и случајот во Струмица, кадешто се случува најголемиот тек од дејствието во филмот „Златна петорка“.

2) Приказната драматуршки наложуваше петтемина струмички студенти (едни од клучните протагонисти) во еден момент да се појават качени токму во камион, возени во непознат правец... За камионите имавме ангажирано стручни лица кои управуваа со возилата во текот на снимањата.

Врска:

“Нацрт годишна програма за 2015 година бр.03-88,доставена до Вас на 30.06.2014”

“Договор бр. 15 - 3596/1 од 09.03.2015 година” за БУЏЕТСКА СМЕТКА  -  603

“Барање за измена на Годишен план на буџетска сметка  бр. 03-163 од 18.8.2015 год.

“Анекс договор за добиени дополнителни средства бр. 15-3596/11 од 11.9.2015 год.

Настани

Производи за изнајмување

  • 047_13-06-15 copy.png
  • 052_13-06-15 copy.png
  • 142_14-07-15.png
  • 162_garderoba_14-07-15 copy.png
  • 169_garderoba_14-07-15 copy.png
  • 222_garderoba_14-07-15 copy.png
  • 225_garderoba_14-07-15 copy.png