Претходната 2021 година беше голем предизвик и за нашата институција, во која поминавме период на голема трансформација како и промена во начинот на работењето што резултираше со голем успех и реализирање на поставените цели, најавувајќи ја новата развојна ера за НУФЦ Вардар Филм-Скопје, 2021-25.
Денес, гордо ви го соопштуваме финанскиот дел, каде со економично и интензивно работење беше остварен голем успех, во делот на сопствените приходи кои бележат раст за 132% во 2021 година во однос на 2020 година, од кои најголемиот дел беа реализирани во двата последни квартала на 2021 година (јуни-декември).
Во 2021 година е остварена реализација на вкупни приходи на сопствената сметка од 2.730.255 денари, во однос на 1.172.845 денари реализирани во 2020 година, како што е прикажано и во самиот приказ подолу.
Доброто менаџирање, големата посветеност и тимска работа, заедно со новата развојна стратегија и јасна визија се причините за овој голем успех на установата.
Продолжуваме да работиме посветено за уште поголеми успеси во иднина!