Ретроспектива на македонската кинематографија

Од 4. до 9. октомври во киното „Тушканац“ во Загреб ќе бидат прикажани филмските класици во продукција на Вардар Филм. Програмата под наслов ПАНОРАМА: ОД РИЗНИЦАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ќе содржи играни филмови на Кирил Ценевски (Црно семе, 1971), Љубиша Георгиевски (Под исто небо, 1964; Цената на градот, 1970; Планината Read more…

Вардар филм прикажува македонски филмски класици

  Фестивал “Вардар филм прикажува македонски филмски класици” по втор пат од 21 до 25 ноември во киното Синеплекс        Четири исклучително важни играни и пет документарни филмови кои беа создадени под логото на “Вардар филм” ќе бидат прикажани на второто издание на Фестивалот “Вардар филм прикажува македонски Read more…

Финансиски извештај за 2015 година

Врска:

“Нацрт годишна програма за 2015 година бр.03-88,доставена до Вас на 30.06.2014”

“Договор бр. 15 – 3596/1 од 09.03.2015 година” за БУЏЕТСКА СМЕТКА  –  603

“Барање за измена на Годишен план на буџетска сметка  бр. 03-163 од 18.8.2015 год.

“Анекс договор за добиени дополнителни средства бр. 15-3596/11 од 11.9.2015 год.

(more…)

Камиони од фундусот на „Вардар филм“ беа користени во снимањето на филмот „Златна петорка“ (2)

Филмскиот центар „Вардар филм – Македонија“, како наследник на брендот „Вардар филм“, во својот фундус поседува камиони кои се изнајмуваат за потребите на филмските продукции. Продукцијата „Револушн“-Скопје, за потребите во текот на снимањето на филмот „Златна петорка“, изнајми три камиони. Режисерот Горан Тренчовски објасни дека камионите се користени со повеќе намени, а најважните биле следните три намени.

1) Со сценографот Кирил Спасески сакавме веродостојно да ја доловиме епохата (50-тите години од 20. век) низ појавување на движечки или паркирани моторизирани возила, меѓу кои и неколку оригинални камиони. Тогаш во градовите имало само по неколку такви, а со нив располагале или Општината, или ЈНА, или УДБА. Сличен бил и случајот во Струмица, кадешто се случува најголемиот тек од дејствието во филмот „Златна петорка“.

2) Приказната драматуршки наложуваше петтемина струмички студенти (едни од клучните протагонисти) во еден момент да се појават качени токму во камион, возени во непознат правец… За камионите имавме ангажирано стручни лица кои управуваа со возилата во текот на снимањата.

(more…)

Македонски филмски класици во Видеотеката на МаксТВ

Националната установа Филмски центар „Вардар филм – Македонија“ – Скопје склучи договор за соработка со Македонски Телеком АД – Скопје за прикажување на македонски филмски класици во Видеотеката на МаксТВ, по барање од страна на корисниците на МаксТВ-услугата на МКТ на територијата на Република Македонија. Аудиовизуелните дела продуцирани од страна на Филмскиот центар „Вардар филм“ се достапни за корисниците на МаксТВ услугата на Македонски Телеком АД – Скопје од 20.11.2015 година.

Со првиот пакет филмови во Видеотеката на МаксТВ поставени се 15 македонски филмови, и тоа: „Хај – Фај“ во режија на Владимир Блажевски (продукција во 1987); „Три Ани“ на Бранко Бауер (1959); „Среќна Нова ’49“ на Столе Попов (1986); „Планината на гневот“ на Љубиша Георгиевски (1968); „Тетовирање“ на Столе Попов (1991); „Австралија, Австралија“ на Столе Попов (1976); „Дае“ на Столе Попов (1979); „До победата и по неа“ на Жика Митровиќ (1966); „Мис Стон“ на Жика Митровиќ (1958); „Под исто небо“ на Миомир Стаменковиќ и Љубиша Георгиевски (1964); „Солунските атентатори“ на Жика Митровиќ (1961); „Републиката во пламен“ на Љубиша Георгиевски (1969); „Црно семе“ на Кирил Ценевски (1971); „Црвениот коњ“ на Столе Попов (1981); и „Цената на градот“ на Љубиша Георгиевски (1970).

(more…)

Филмска ревија „Македонски филмски класици“ низ Македонија

Филмската ревија со наслов „Македонски филмски класици“, како дел од наследството на „Вардар филм“, по прикажувањето во текот на октомври 2015 година во киното „Синеплекс“ во Скопје, беше прикажана и во 12 градови низ Република Македонија. Филмскиот центар „Вардар филм – Македонија“, покрај својата основна дејност, обезбедување техничка поддршка за филмските продукции, интензивно и посветено работи и на развојот и промовирањето на македонската филмска уметност.

Љубителите на седмата уметност во 12 македонски градови ги гледаа класиците: „Хај – Фај“ во режија на Владимир Блажевски (снимен 1987); „Три Ани“ во режија на Бранко Бауер (1959); „Среќна Нова ’49“ во режија на Столе Попов (1986); „Планината на Гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски (1968) и „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (1991).

(more…)

Вистински настан на ликвидација на струмички студенти во 1951 година ќе добие филмска верзија

Првата клапа од снимањето на долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, поддржан од Агенцијата за филм на РМ, ќе падне на 19 октомври (понеделник), во 12.30 часот, на локацијата Мал парк во Струмица. Играниот филм „Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ – Скопје, копродуценти се Македонската телевизија и „Арт-попкорн“ од Белград, а помагатели на проектот се Општина Струмица, Босилово и Василево. Сценариото филмот е работено по драмски и прозни мотиви на писателот Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева заедно со косценаристот Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, една музичка нумера во филмот изведува групата „Баклава“, а филмот ќе го монтира Андрија Зафрановиќ.

(more…)