
М-р Сани Саиди
Директор на НУФЦ Вардар Филм Скопје
М-р Сани Саиди (1990) е млад перспективен научен истражувач, претприемач, писател и активен промотор на слободно, одговорно и просперитетно општество. Саиди е магистер по меѓународни економски односи, комуниколог од областа на односите со јавноста (Public Relations) и политиколог, стекнато од Вишеградската Школа за Политички Студии и алумни на Европската Академија за Дипломатија (Варшава).
Во својата досегашна богата професионална биографија м-р Сани Саиди има објавено над десетина научни трудови и една книга, учествувано на многу меѓународни научни конференции и семинари, а има истотака организирано неколку меѓународни конференции, симпозиуми и настани на различни тематики во земјата и во странство. Тој е дел од Австрискиот Економски Центар со седиште во Виена од 2014 година и активен член на Институтот за Политички Иновации (Виена) од 2018 година.
Функцијата директор на НУФЦ Вардар Филм – Скопје ја извршува од 13.04.2021 година, избран по претходен јавен оглас на четири годишен мандат (2021-25). За рекорден период со макотрпна работа, голема посветеност и одлучност успеа да ја оживее установата и да го врати сјајот на старите добри времиња. Од неговото доаѓање Вардар Филм поминува преку нова прогресивна ера 2021-25, каде главен дел има концептот за трансформирање на установата во еден модерен филмски центар. За оваа цел за краток период се реновирани и рифунксионализарани неколку простории, како кино и тонската сала, бункерот за адекватно складирање на фундусот на костими и реквизити, се работи на ново студио за колор градинг и едитинг, додатно опремување и зголемување на техничките капацитети и фундусот на установата. А установата во претсојниот период треба да добие и филмски клуб (cafe&restaurant) на местото на старото руинирано бифе, базирано на најдобрите практики во странство, за кое веќе е подготвен предлог проект и кој се планира да се реализира со јавно-приватно партнерство.
Заслужува да се споменат зголемениот број на соработки со домашните продуцентските куќи во неколку филмски проекти и сродните институции како Агенцијата за Филм, Кинотека, ДФРМ, и други, но истотака, се има воспоставено одлична соработка со неколку продуцентски куќи и дистрибуциски компани од регионот, а не застануваат, и соработките со сродните институции од странство, како Директоратот за Кинематографија на Турција, Комисијата за Филм на Саудиска Арабија, неколку европски филмски институти и Креативна Европа и Еуроимагес. Додатно, тој го врати Вардар Филм на сцената на светските кинематографски настани со учество на Канскиот Филмски Фестивал, Франција, а истовремено, за прв пат стана партнер на Македокс и Киненова, а се продлабочи партнерството со ИФФК Браќа Манаки, Златна Рамка и неколку други значајни проекти како што е 50 години македонски анимиран филм, и ткн.
Вардар Филм станаа партнер на два долго метражни филмски проекти, еден кратко метражен и еден документарен филм. А по негова инцијатива и заложба, во 2022 година ќе се снимаа професионален долго метражен документарен филм 75 години Вардар Филм во продукција на Галактика Пиктурес а во режија на Проф. Владимир Блажевски, за кое се доби и подршка од Агенцијата за Филм на РСМ. Многу е битно да се спомене дека установата моментално поминува преку многу прогресивен период, карактеризиран со економичност и десеткратно зголемување на сопствениот буџет но и придонес и присуство во филмската дејност во нашата земја.
Во негово време значителен напредок е направен во делот на промоција на македонскиот филм и култура, односно филмовите во продукција на Вардар Филм, со потпишување на две големи договори за дистрибуција во регионот во претстојниот период, а се направени првичните контакти за нивна дистрибуција и во Австралија, Америка и Европа, каде значителен интерес има покажано нашата дијаспора.
Успеа да го крене мотивот, шири позитивна енергија и да го искористи потенцијалот на колективот за да се забележи напредок и со успешност да се чекори кон трансформација на Вардар Филм, кој во блиска иднина е планирано да прерасне во еден модерен филмски центар, кој ќе има значајна улога во развивањето на филмската дејност во нашата земја, но и пошироко.
Во 2021 година се здоби со признание “Мост на Балканот”, кое им се дава на заслужни поедници годишно од Радио Мост.
М-р Сани Саиди
Директор на НУФЦ Вардар Филм Скопје
Телефон:
+389 70 427 731
+389 75 226 782
+389 2 511 5540
Е-пошта: