Гордо ве информираме дека во овој период започна и интензивно се работи на целосно реновирање на кино салата во склоп на установата, вклучувајќи истовремено две фази. Првата фаза опфаќа комплетно чистење и ентериерно уредување на главната сала и помошната проекциона сала и втората фаза, која се состои од набавка и монтажа на нова современа професионална опрема. Опремата е монтирана и тестирана.

Во оваа насока, се прават додатни напори кино салата да биде пуштена во употреба до крајот на овој месец, и истата да биде достапна за употреба на филмските работници, за реализирање на нивните проекти како и за поширокиот аудиториум за вечерни проекции, штом тоа ќе биде безбедно и ќе имаме протокол за имплементација на соодветни мерки за заштита од ковид19.

Реновирањето на кино салата е еден од чекорите за надоградување и проширување на капацитетите и услугите што ги нуди установата, стремејќи кон зацртаната цела, враќање на реномето на Вардар Филм и трансформирање на установата во еден модерен филмски центар.

#НоваЕраНаВардарФилм