Тајните филмски архиви на градоте проект на НУФЦ Вардар Филм, кој има за цел зачувување и афирмација на материјалното, духовното и културното наследство на градот Скопје.Преку архивирање и дигитализација на стари филмски ленти (8 и супер 8 мм) од домашната архива на Скопјани ќе се зачуваат драгоцени документи, кои доколку не бидат дигитализирани, ќе исчезнат или ќе бидат дегенерирани и неупотребливи.

Архивските снимки од Скопје кои до сега не биле видени ќе отклучат еден нов лик на градот што со децении му недостасувал.Тој во себе ги чува тајните на овој град и неговиот развиток во текот на децениите.

Процесот на реализација на овој проект започнува со дигитализација на материјалите добиени по пат на јавен повик,потоа се преминува кон монтажа на слика и звук, како и проекција на краток филм за Скопје,каде главните протагонисти се обичните граѓани на Скопје.

Тајните архиви на Скопје е проект подржан од Град Скопје и беше реализиран во соработка со Кинотека на Северна Македонија.

Краткиот филм за Скопје, со наслов Тајните архиви на Скопјеќе има своја проекција на 13.11.2019 од 18:00 часот во Кинотеката на Северна Македонија. Тоа е всушност емотивна приказна за Скопје и Скопјани, раскажана низ четирите годишни времиње. Идеата на носителот на проектот е да не се влијае дополнително на материјалите, да не се врши измена во монтажата туку да се прикажат истите во реално светло. Монтирани и режирани од самите протагонисти, децении наназад.

На овој проект работеа: дигитализација и дигитална обработка -Александар Трајковски, проект координатор и нарација Катерина Габунија, тон: Сашко Потер Мицевски, глас -Дарко Ристовски.