Во духот на зголемување на меѓународната соработка со сродните институции и отварањето на нови можности за промовирање на нашата кинематографија, но и развивање на програми и реализација на заеднички проекти од доменот на филмската дејност следеа низа состаноци и редовна комуникација со раководството на Филмскиот Центар Сарајево, Босна и Херцеговина.

Целиот овој процес придонесе кон започнување на нова меѓуинституционална соработка, со јасни и дефинирани заеднички цели и полиња на делување, која беше конкретизирана со потпишување на Меморандум за соработка, од страна на директорите на двата филмски центри, м-р Сани
Саиди и г-ѓа Инес Тановиќ.