Директорот Сани Саиди со краток говор свечено ја отвори салата и им се обрати на присутната публика. Во име на установата, им се заблагодари на сите присутни гости и соработници кои беа дел од свеченото отварање на проекционата сала при НУФЦ „Вардар филм – Скопје“, која над 20 години, за жал не беше во функција. По приемот и пријатниот коктел, гостите имаа можност
да го погледнат првиот македонски филм “Фросина“, во режија на Воислав Нановиќ, а во продукција на Вардар филм, и да го увидат квалитетот и пријатниот амбиент кој салата за проекции го нуди.
Сите заинтересирани што не беа во можност да дојдат, ќе можат тоа да го направат секој петок додека траат проекциите за одбележување на јубилејот.
Повеќе информации за програмата односно проекциите може да најдете на нашата веб страна и социјални мрежи наскоро.