Деновиве во просториите во НУФЦ Вардар филм започна дигитализација на аудио ленти (од
период 1940 – 2000 година) кои беа зачувани во депото на Вардар филм.
Станува збор за околу 400 ленти кои содржат радио драми, документарни филмови,
македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во
продукција на Вардар филм.
Процесот на дигитализација се одвива во колор грејдинг студиото кое е функционално и како
нелинеарна видео монтажна станица и е по иницијатива на вработените на Вардар филм со
цел да се зачува наследството на установата во целост и ќе трае неколку месеци. По
обработка на сите ленти и физички забелешки кои следуваат со секоја од лентите, фајловите
ќе бидат архивирани и попишани во дигитална дата база.
Во прилог фотографии од процесот.