Националната Установа Филмски Центар „Вардар филм-Скопје„ располага со мала современа киносала која брои 49 седишта, наменета за контролни проекции, семинари, прес конференции, промоции, проекти и тн.

Киносалата е скоро реновирана со ново проекционо платно, нов ентериер и нова опрема за дигитални проекции и е спремна за користење од страна на продуцентските куќи.

Набавена е и видео и аудио опрема која ќе овозможи квалитетни услови за одржување проекции со едукативни содржини за подигнување на свеста на младата публика кон кинематографијата .

Освен продуцентските куќи, филмските работници и институциите, салата ќе може да ја користат и граѓаните за презентација на проекти.