КОСТИМИ
НУФЦ Вардар филм – Скопје располага со фундус за костими кој се создавал повеќе децении преку филмовите кои ги реализирала самата продукциска куќа. Горди сме што низ годините оставиле печат голем број на македонски костимографи како и дизајнери од тогашните југословенски простори, постепено креирајќи го фундусот. По реобновувањето на фундусот, се селектираа и соодветно третираа костимите за да бидат повторно употребливи односно да може да се изнајмуваат. Нашиот фундус не брои многу парчиња и соодветствува со просторните услови кои ги нуди самата институција, но опфаќа повеќе периоди, главно од 1900 година па сè до денес. Имаме воени униформи од различни периоди и војски, други видови цивилни униформи (полиција, пожарна, здравство, и други работни униформи), рачни изработки како делови од носии и други костими со автентични везови, танчарски/балетски костими и парчиња со различни кроеви соодвени за периодот кој Ви е потребен.
РЕКВИЗИТИ
Фундусот за реквизита се состои од оружје (пушки, пиштоли, ножеви), знамиња, лампи, изложбени експонати како: камери (професионални/аматерски), рефлектори, телевизори, монитори… Досега биле користени во повеќе филмски проекти и истовремено се достапни на филмските работници и продуцентски куќи. Континуирано фундусот се проширува и се збогатува со нови предмети.