Малку е тоа што се пишува за Ценевски,
…”еден од најголемите македонски режисери”

Тој е клучната фигура на македонската филмска преобразба, таткото на сите клучни идеи за развитокот на новата македонска кинематографија, творецот на ЦРНО СЕМЕ, филмот кој е без сомнение најважниот филм во филмската историја на македонската кинематографија на кој сите филмски автори му одаваат признание. Филм кој редовно провоцира восхит и овации по секоја негова проекција.

Не само на планот на филмската режија, сценарио и визуелниот стил и јазик, Ценевски е и еден од творците на филмскиот фестивал Браќа Манаки, а неговите проекции за рестартирање, обнова и новиот концепт на Вардар филм ја етаблираа оваа филмска куќа во ред на најпочитуваните и респектирани филмски институции во регионот.

Без Ценевски Македонија останува сиромашна за еден од најзначајните и почитуваните големини на македонската култура а сите млади и идни филмски автори – без нивниот висински идол и учител.

Заради неговите огромни заслуги,неговите филмски другари и почитувачи му ја доделија ПРВАТА најпрестижната награда ГОЛЕМА ЅВЕЗДА НА МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ТОЈ БЕШЕ И ОСТАНА НАЈПОЧИТУВАНАТА ФИЛМСКА ЛИЧНОСТ НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ.

Времињата ќе ја потврдат неговата големина!