Производство: Вардар филм – Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: историски
Род: Игран филм
Година: 1971
Содржина: За време на Граѓанската војна во Грција, 1946 година, припадници на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров. Поради своите убедувања и етничкото потекло, некои од нив ги совладуваат сите тешкотии, задржувајќи го своето човечко достоинство. Други, пак, не успеваат во тоа, и наместо очекуваниот спас, доживуваат целосен морален пад. Централни личности се Андон Совичанов, Парис и Христос, кои, секој за себе, претставува индивидуална комплексност на самосвоен лик, што е видливо преку страдањата низ кои минуваат и кои ги означуваат разните димензии на човековиот отпор. Голготата започнува со одземањето на оружјето на Македонците од Егејска Македонија, припадници на кралската војска и со нивно депортирање, најпрвин во воен затвор каде што ги сослушуваат, а потоа, натоварени на брод во тешки и сурови услови, ги носат на пуст и карпест остров. На островот нема вода, така што нудењето и поткупувањето со вода е еден од методите за кршење и уривање на достоинството на жедните затвореници, при што од нив се бара да потпишат изјава за лојалност кон кралот и готовност за откажување од Организацијата. Репресалиите продолжуваат со постојани измачувања, тепања и стрелања на секого што, на каков било начин ќе пружи отпор или ќе покаже непослушност. На Денот на независноста на Грција, од затворениците се бара да ја пеат песната на независноста. Затворениците одбиваат, следи мешаница и бунт, кој завршува неуспешно, при што некои залудно гинат. Андон Совичанов плука во командантот и користејќи момент на изненадување, почнува да бега низ беспаќето на островот, гонет од самиот командант лично. Тоа, воедно, е и крај на филмот.
Награди: 1971 ФЈИФ, Пула, Златна арена за режија на Кирил Ценевски; 1971 ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобра машка улога на Дарко Дамевски; 1971 ФЈИФ, Пула, Златен венец за најдобро дебитантско режисерско остварување на Кирил Ценевски; 1971 МФФ, Москва, „Жар птица“, за најдобро режисерско деби на Кирил Ценевски; 1971 МФФ, Москва, Специјална диплома за афирмација на млади автори на Вардар филм; 1972 МФФ, Авелино, „Laceno d’Oro“ за режија на Кирил Ценевски 1972 Југословенски кандидат за наградата Оскар 1972 11 Октомвриска награда за Кирил Ценевски за режијата на филмот 1972 11 Октомвриска награда за Дарко Дамевски за улогата остварена во филмот
Автори:
Режија: Ценевски Кирил
Сценарио: Ценевски Кирил, Георгиевски Ташко
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Монтажа: Чемчев Вангел – Лаки
Главна улога: Јовановски Ацо, Дамески Дарко, Грозданов Мите, Вуисиќ Павле, Шишков Ристо, Мириќ Воислав Воја
Споредна улога: Милосављевиќ Ненад, Диневски Вукан, Кајчевски Никола
Директор на филм: Ангеловски Благоја
Снимател: Самоиловски Мишо
Костимографија: Дончева – Танчева Елена
Сценографија: Лазаревски Никола
Тон: Јаневски Јордан
Асистент снимател: Салковски Драган
Монтажа на тон: Јаневски Јордан
Организатор на снимање: Калиќ Милош
Асистент на монтажа: Лукова Дончиќ Олга