- Производство: Вардар филм – Скопје
- Род: Документарен филм
- Времетраење: 16 минути
- Година: 1979
Содржина: Еден исечок од животот на Ромите номади, посветен на празнувањето на Ѓурѓовден. Во филмот, користејќи особена ширина и сила во изразот, оваа тема се обработува во контрастите во современата урбанизација. Филмот изобилува со многустрана иконографија како извор на инкарнација на романтичното и без огради разбирање на животот. Атмосферата на балада неминовно ги доловува реминисценциите на далечните митови. Оваа поетска визија за животот на последните номади е снимена во автентичниот амбиент на чергарската населба спроти празнувањето на најголемиот ромски празник. Како атавистички обележја на нивните верувања, во кои спаѓа и ритуалното капење како симболично пречистување и причест на душата и телото, мистеријата на раѓањето и дочекувањето на новиот живот, па с¢ до желбата за живот без стеги, презентирана низ метафората на бесниот галоп на коњите, тие атакуваат врз сетилата на гледачот и не го оставаат рамнодушен по гледањето на филмот.
Награди: 1979 ФЈДКФ, Белград, „Златен медал Београд“ за режија на документарен филм на Столе Попов 1979 ФЈДКФ, Белград, „Златен медал Београд“ за најдобра камера на Мишо Самоиловски 1979 МФФ,Оберхаузен, Grand Prix 1979 МФФ, Мелбурн, Специјална награда на жирито 1979 МФФ, Лајпциг, Специјална награда на жирито 1979 ФФ, Љубљана, Grand Prix 1980 МФФ, Лондон, Специјална диплома 1980 Лос Анџелес, Номинација за Оскар, меѓу петте најдобри документарни филмови
Автори:
- Режија: Попов Стојан – Столе
- Сценарио: Поповски Анте
- Монтажа: Грбевски Димитар
- Снимател: Самоиловски Мишо
- Тон: Паковски Глигор
- Асистент снимател: Самоиловски Владимир
- Монтажа на тон: Паковски Глигор
- Организатор на снимање: Теофиловски Ристо – Риџвеј
- Избор на музика: Попов Стојан – Столе