Оваа недела, во НУ Филмски центар ˮВардар филмˮ – Скопје беше на посета

делегација од Р. Турција предводена од Мендерес Демир, директор на Фестивалот на документарен филм на туркофонскиот свет, претседателот на Асоцијацијата на турските филмски работници, славниот турски актер Енгин Чаглар, како и продуценти, режисери, сценаристи, значајни личности од

турската кинематографија.

Делегацијата ја придружуваше претседателот на У.О. на Агенција за филм професорот Игор Шокаровски, а беа пречекани од директорот на Вардар филм, Сани Саиди кои во кратки црти ги запознаа гостите со историјата на македонската кинематографија и неизбежно со улогата на Вардар филм како основоположник на истата и нејзиното сегашно делување.

Истотака, во рамки на посетата им беа презентирани капацитетите на установата и беше разговарано за можните соработки и заеднички проекти кои би се реализирале во наредната 2023 година.