Денеска, директорот на НУФЦ Вардар Филм г-дин Сани Саиди имаше конструктивна средба со директорот на Агенцијата за Филм, г-дин Бојан Лазаревски каде ги дискутираа можностите за соработка меѓу двете институции во периодот што следува.
Оваа средба е во рамките на планираните средби со сродните институции, за воспоставување редовна меѓуинституционална комуникација и блиска соработка во областа на филмот и културата.