Денеска, директорот на НУФЦ Вардар Филм – Скопје, г-дин Сани Саиди реализираше работна средба со раководството на Генералниот Директорат за Кинематографија на Р. Турција, генералниот директор г-дин Еркин Јилмаз и заменик директорот г-дин Мустафа Селчук Јавузканат, каде се дефинираа точките за меѓуинституционална соработка и се договорија конкретни проекти во областа на филмската дејност на регионално ниво, кои се очекуваат веќе да се реализираат во блиска иднина.
Оваа средба, со неговото присуство ја почести заменик Министерот за Култура и Туризам на Р. Турција, г-дин Ахмет Мисбах Демирџан, истакнувајќи голема подршка во насока на продлабочување на соработката меѓу двете институции во областа на кинематографијата, но и пошироко.