По повод учеството на Вардар Филм на 74-то издание на меѓународниот филмски фестивал во Кан, вчера и денеска, директорот г-дин Сани Саиди реализираше неколку средби со раководни лица и претставници на сродни институции од странство, меѓу кои со генералниот директор на Кинотеката на Р. Турција, г-дин Еркин Јилмаз, директорот на Агенцијата за Филм на Саудиска Арабија, г-дин Абдулах Алкахтани, директорот на Центарот за Кинематографија на Р. Косово, г-дин Арбен Жарку и претставникот на EUROIMAGES, г-дин Маркус Лехнер.
Нови партнерства и соработки се на повидок!