Денес, директорот на НУФЦ ” Вардар Филм ” Скопје , г-дин Насер Цури беше на посета на ИДКНА – Скопје, каде беше пречекан од страна на директорот Скендер Асани.

Ова средба се реализираше по повод манифестацијата за одбележувањето на 40 годишнината од  прогласувањето на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза за почесен граѓанин на град Скопје и по повод  отварањето на департаментот за наследството на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза.

        Меѓу другото директорот Насер Цури кажа :

 Kaко прво би сакал да Ви честитам  по повод отварањето на департаментот за наследство на Мајка Тереза и да Ви посакам многу успех во иднина. Пред некое време ние потпишавме меморандум за соработка, и еве сега , од денес таа соработка се оживува и вродува со плод .

Се чуствувам многу горд и привелигиран поради тоа што овој документарен филм им го врачувам на ИДКНА – Скопје како културно наследство, и дека Мајка Тереза , нобелистка од Скопје не прави сите нас многу горди за нејзиното дело.

За крај сакам да цитирам една нејзина реченица, која вели ” Сите ние не можеме да направиме големи нешта но, сите ние можеме да направиме мали нешта но со голема лубов “.