Директорот на НУ Филмски Центар ˮВардар Филмˮ – Скопје, г-дин Сани Саиди и дел од неговиот тим на вработени беа поканети и присуствуваа на снимањето на новиот долгометражен филм на познатиот режисер Милчо Манчевски, под работен наслов „Кајмакˮ, а во продукција на Банана филм.
На наше огромно задоволство, бевме одлично пречекани и имавме можност да се запознаеме и продискутираме со големата интернационална екипа која беше на сетот.
Со нетрпение ја очекуваме премиерата и им посакуваме уште многу проекти и заеднички соработки.
#НоваЕра