Директорот на НУФЦ Вардар филм – Скопје, г-дин Сани Саиди имаше средба со претседателот на ДФРМ, г-дин Игор Иванов – Изи, на која беа разговарани понатамошните заеднички цели и проекти како и состојбата со кинематографијата воопшто. Успешната соработка продолжува и се продлабочува во повеќе сегменти и отвара можност за нови заеднички предизвици и проекти, кои се очекуваат да бидат реализирани во блиска иднина.
Вардар филм – Скопје продолжува да биде верен пријател и поддржувач на Друштвото на филмски работници на Македонија.