Во рамките на посетата во Љубљана, делегацијата на НУФЦ Вардар Филм Скопје, предводена од директорот Сани Саиди реализираше средба со нашата амбасадорка во Словенија, г-ѓа Сузана Зеленковска и со советникот, г-дин Јумни Салиу, каде беше потврдена нивната подготвеност за подршка кон олеснување и зголемување на соработката на филмските институции и филмските работници од двете земји.
Истовремено, двете страни се договорија да се продолжи комуникацијата и да се согледат можни проекти од филмската дејност кои може да се реализираат и со здруженијата на нашите сонародници во Словенија.