Во рамките на престојот во Призрен, директорот Сани Саиди придружуван од неговиот тим беше во посета на DOKUFEST – Меѓународниот Фестивал за Документарен и Краток Филм, каде беше пречекан и реализираше средба со уметничкиот директор на фестивалот, Ветон Нурколари.
На средбата се разговараше за можностите за соработка во рамките на фестивалот, но и во другите проекти што се реализираат од DOKUFEST, за која цел се посети и DOKUKINO, информирајќи се одблизу со нејзиното функционирање и програми за проекции.
Двете страни изразија подготвеност за соработка и во претстојниот период ќе работат на тоа да соработката се преточчи на конкретни проекти од областа на филмот и кинематографијата.