На наше задоволство, оваа година земавме учество на реномираниот фестивал за анимиран филм Fantoche 2022 во Баден – Швајцарија, каде на нивна покана, присуствуваше директорот на НУФЦ „Вардар филм – Скопје“, г-дин Сани Саиди. Под програмата „Фокус на Балканот“, во полна сала пред заинтересираната публика беше прикажан две последов дена анимираниот филм „Адам 5 до 12“ на Петар Глигоровски, кој е во продукциија на Вардар филм. Надвор од нашите, а на наша среќа, анимираниот филм побуди огромен интерес од тамошната публика, како и од организацијата на фестивалот за целокупниот опус на анимирани филмови во продукција од Вардар филм. Беа остварени средби со раководните лица на фестивалот и договорени понатамошни соработки.