На 31.10. – 01.11.2020 беше реализирана дводневната работилница ”Филмска анимација за мултиетничка колаборација” каде учествуваа дечиња од различна националност кои имаа можност преку другарување и игра да се стекнат со знаење за филмската анимација. Работилницата со краток говор и топло добредојде ја отвори Насер Цури, директорот на Вардар филм – Скопје. Со кратки предавања од страна на кураторката Елена Вељановска и Катерина Габунија учесниците се запознаа со темата додека ликовниот уметник Иван Ивановски директно ги вметна во процесот на анимација каде дел од децата изработуваа објекти, а другиот дел фотографираа, за на крај сите заедно воодушевено го проследија видеото кое произлезе како резултат на нивната работа за која им беа поделени дипломи за учество.
Поради големата успешност и интерес за проектот, се надеваме дека и другата година ќе другаруваме и ќе научиме нешто повеќе за филмската анимација.
*Проектот беше поддржан од Министерство за култура и НУФЦ Вардар филм – Скопје.