Филмската ревија со наслов „Македонски филмски класици“, како дел од наследството на „Вардар филм“, по прикажувањето во текот на октомври 2015 година во киното „Синеплекс“ во Скопје, беше прикажана и во 12 градови низ Република Македонија. Филмскиот центар „Вардар филм – Македонија“, покрај својата основна дејност, обезбедување техничка поддршка за филмските продукции, интензивно и посветено работи и на развојот и промовирањето на македонската филмска уметност.

Љубителите на седмата уметност во 12 македонски градови ги гледаа класиците: „Хај – Фај“ во режија на Владимир Блажевски (снимен 1987); „Три Ани“ во режија на Бранко Бауер (1959); „Среќна Нова ’49“ во режија на Столе Попов (1986); „Планината на Гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски (1968) и „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (1991).

Филмската ревија „Македонски филмски класици“ беше прикажана во следните градови:

Делчево (10-15.11.2015)

Битола (16-22.11.2015)

Охрид (09-13.11.2015)

Струмица (16-19.11.2015)

Неготино (09-13.11.2015)

Гостивар (04-10.11.2015)

Кичево (02-06.11.2015)

Струга (09-13.11.2015)

Крива Паланка (09-13.11.2015)

Прилеп (18-22.11.2015)

Македонски Брод (16-20.11.2015)

Дебар (09-13.11.2015)