Во петокот, на 16 Април, и официјално г-дин Сани Саиди го презеде раководењето на Националната Установа Филмски Центар “Вардар Филм Skopje” – Северна Македонија, од досегашната в.д директорка.

Во конструктивен разговор со г-ѓа Марија Јовановска, новиот директор беше запознаен за досега реализираното, но дека претстои и многу работа во иднина.

Директорот Саиди истакна дека максимално ќе се ангажира да ја претвори установата во еден модерен филмски центар, чувајќи ја нејзината автентичност и дека ќе ја извршува својата должност одговорно, професионално и непристрасно!