Во соработка со Кино Култура, како дел од фестивалот за развој на креативните индустрии Скопје Креатива, на 02.06.2019 година се прикажуваа документарци, репортажи и реклами во продукција на Вардар филм од периодот помеѓу 1948-1986 година.
Посетителите можеа да ја погледнат филмската програма во утринскиот дел “Кино утро”, како и проекции во вечерните часови “Кино под ѕвездите”.