Директорот на НУ Филмски центар ˮВардар филм – Скопје“, Сани Саиди и дел од неговиот тим беа поканети и присуствуваа на снимањето на новиот долгометражен филм на режисерот Димитар Оровчанец, под работен наслов „Убиј ги прво децатаˮ, а во продукција на Трис филмс.

На наше огромно задоволство, бевме одлично пречекани и имавме можност да се запознаеме и продискутираме со екипата која беше на сетот.

Со нетрпение ја очекуваме премиерата и им посакуваме уште многу проекти и заеднички соработки.