Ретроспектива на македонската кинематографија

Published by НУФЦ Вардар Филм Скопје on

Од 4. до 9. октомври во киното „Тушканац“ во Загреб ќе бидат прикажани филмските класици во продукција на Вардар Филм. Програмата под наслов ПАНОРАМА: ОД РИЗНИЦАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ќе содржи играни филмови на Кирил Ценевски (Црно семе, 1971), Љубиша Георгиевски (Под исто небо, 1964; Цената на градот, 1970; Планината на гневот, 1968), Столе Попов (Црвениот коњ, 1981;Среќна Нова ’49, 1986), Димитрие Османли (Жед, 1971), Бранко Гапо (Време без војна, 1969), Бранко Бауер (Три Ани, 1959) и Живорад Жика Митровиќ (Мис Стон, 1958). Манифестацијата ќе биде отворена со филмот „Колнати сме, Ирина“ (Татко) од 1973 година, на македонскиот актер и режисер Никола Коле Ангеловски.

Иницијатори на ова претставување на македонската култура и кинематографија во Загреб и Хрватска се Сојузот на македонското национално малцинство на град Загреб и македонското културно друштво „Охридски бисер“, во партнерство со Н.У. Кинотека на Македонија и Вардар филм. Изборот на филмови го направи уредникот на филмската програма на киното „Тушканац“, Марко Ројниќ.

Гости на манифестацијата ќе бидат директорот на Н.У. Кинотека на Македонија, Владимир Ангелов, и директорот на Вардар филм-Македонија, Арсим Рамадани.

Повеќе за програмата на следниве линкови:

www.vardarfilm.mk 

www.kinoteka.mk 

www.kinotuskanac.hr/cycle/panorama-iz-riznice-makedonskog-filma 

www.nacionalnemanjine.hr/iz-riznice-makedonskog-filma 


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *