Со задоволство ве информираме за првата успешна соработка со Сараевски филмски центар, која преку заеднички проект понуди подобро запознавање на двете култури во делот на анимираниот филм. Филмската изложба и проекциите на анимираните филмови се одржаа на 13 – 14 јуни во Кино Митинг Поинт во Сараево, каде НУ Филмски центар„Вардар филм – Скопје“ преку изложба на реквизити и други материјали од анимираните филмови кои низ годините се твореа во студиото за анимиран филм при Вардар филм, ги доближи до присутните почетоците и развивањето на анимираниот филм низ годините, како и успесите и наградите кои студиото ги остваруваше во своето работење.
Секако не изостана и презентација на материјали и проекции на анимирани филмови од поновата генерација на македонскиот анимиран филм, како и присуство на два од нашите аниматори, Жарко Иванов и Крсте Господиновски, кои заедно со босанскиот колега аниматорот проф. Митад Ајанович, имаа можност по проекциите да се обратат и да разговараат на тема „Анимацијата во минатото и сега” со присутните. Љубителите на анимираниот филм имаа можност да проследат една ретроспектива на македонскиот и босанскиот филм од минатото и поновата генерација од двете земји. На присутните им се обратија и директорите на двете филмски центри, м-р Сани Саиди и г-ѓа Инес Танович.