Директорот г-дин Сани Саиди реализираше средба со уметничкиот директор на Pula Film Festival, г-дин Данијел Пек, каде меѓу другото се разговараше на продлабочување на соработката меѓу двете институции, после првичната соработка на овогодинешното јубилејно издание.

Со гордост ве информираме дека на оваа средба е постигнат пред договор за продолжување на соработката меѓу Вардар Филм и Pula Film Festival во наредните три години во два сегмента на филската дејност, првиот се работи за проекции на реставрирани стари филмови и вториот, проекции на филмови во продукција на Вардар Филм кои добиле награди на овој фестивал, во склоп на фестивалската програма “Времеплов”.

Истотака, начелно е договорено и со голема веројатност ќе продолжи и соработката меѓу двете институции со Хрватската Радио Телевизија – HRT, во претстојниот период, каде ќе продолжат да се прикажат филмови во продукција на Вардар Филм, како што беше случајот оваа година со филмот “Македонски дел од пеколот” во режија на Ватраслав Мимица.