Во просториите на НУФЦ „Вардар филм – Скопјеˮ, на наше огромно задоволство, меѓусебно потпишаа меморандум за соработка НУ Филмски центар „Вардар филм – Скопјеˮ, застапуван од директорот г-дин Сани Саиди и Друштво на филмска продукција Галактика Пиктурес, застапувано од продуцентот Буњамин Куртиши. Овој меморандум нуди взаемна соработка и партнерство на филмскиот проект, со работен наслов „Кома” во режија на Агим Абдула, поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија.