На 26ти Октомври, директорот Сани Саиди придружуван од својот тим беше присутен на снимањето на краткометражниот филм на Елеонора Венинова со работен наслов “Прошетка” во продукција на Три Точки во соработка со ДНФ Филмс и Вардар Филм.
Вардар Филм продолжува да ги поддржува во континуитет нашите филмски работници во реализирање на нивните филмски проекти.