енеска, во просториите на НУФЦ „Вардар Филм-Скопје, на наше огромно задоволство, меѓусебно потпишаа меморандум за соработка НУ Филмски центар „Вардар филм – Скопјеˮ, застапуван од директорот г-дин Сани Саиди и Друштво на филмска продукција, Мануфактура продукција, застапувано од продуцентот Сашо Павловски. Овој меморандум нуди взаемна соработка и партнерство на филмскиот проект, со работен наслов „Сите го викат Реџо” во режија на Ибр Деари, а со сценарио на Ибр Деари & Артин Селмани, поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Сценариото на овој филмски проект во 2020 ја доби наградата “Pitch Balkan Discovery Award” на Balkan Film Market