Makедонските филмски класици снимени во последните децении од минатиот век се работени во поинакви технолошки услови од филмовите снимени денес – во дигиталната ера. Промената на технологијата влијае и на креативниот израз – филмските автори и работници во минатото имале поинаков пристап кон филмскиот кадар, а тоа се приметува во искреноста и неповторливоста на сцените, визуелните решенија кои на моменти делуваат скромно, но сепак останале во сеќавањето на генерации филмски заљубеници.

Бидејќи под познатото лого на Вардар Филм беа снимени дузина впечатливи филмски дела, а охрабрени од фактот дека публиката од просторите на поранешна Југославија и денес посакува да ги гледа македонските филмски класици, се одлучивме да овозможиме филмовите да бидат достапни и во комерцијално домашно кино.

За почеток одбравме пет филмови кои на некој начин прават пресек на филмската продукција.
Хај-Фај, Три Ани, Тетовирање, Планината на Гневот и Среќна Нова ’49-та се петте филма кои вистинските заљубеници на филмот ќе можат да ги погледнат на големото платно.

{mp4}vfilm{/mp4}