НУФЦ Вардар Филм Скопје дел од вчерашниот настан по повод одбележувањето 60 години од земјотресот во градот Скопје, во соработка со организаторот Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje !
Нашите автентични возила и реквизити ја збогатија сценографијата на овој уникатен настан, дело на младите Стефан Александар Јовановски и Ангела Димеска.
Воедно, сме многу горди дека после многу години успеавме повторно филмските возила на Вардар Филм да ги рефунксионализираме и да бидат подготвени за акција за следните филмски проекти. За оваа упатуваме голема благодарност до Дејан Блажевски и неговиот тим од касарната во “Ѓорче Петров”, без кои овој подвиг немаше да се постигне!