Денеска, се одржа прес конференција во просториите на НУФЦ Вардар Филм Скопје, каде директорот Сани Саиди ја презантираше програмата со активности и настани по повод јубилејот односно 75 години постоење и делување на Вардар Филм, кои се планирани да се реализираат во текот на целата година.
Програмата меѓудругото се содржи од:
Неделни проекции на филмови во продукција на Вардар Филм во скоро реновираната проекциона сала на установата;
Организација на Отворена Недела каде установата ќе ги отвори вратите за љубителите на филмот и граѓаните за одблиску да се информираат со сегашното делување и активности на установата, но и со нејзината богата филмска историја;
Подготовка на документарен филм за 75 години постоење Вардар Филм во режија на проф. Владимир Блажевски а во продукција на Галактика Пиктурес, подржано од Агенцијата за Филм на РСМ, чија премиера е планирано да се прикаже кон крајот на годината на главната манифестација на установата по повод нејзиниот јубилеј;
Истовремено, на денешната прес конференција беше присутен и Буњамин Куртиши, кој е продуцент на документарниот филм.
На крај, во името на установата изразуваме голема благодарност до сите медиуми кои беа присутни на денешната прес конференција и медиумски го покрија овој настан!
Комплетната програма наскоро ќе биде објавена на вебстраната на установата и на социјалните медиуми, и ќе биде достапна за сите заинтересирани.