Со огромно задоволство ве информираме дека претстојната 2022 година ќе реализираме долгометражен документарен филм за “75 години Вардар Филм”, во знак на одбележувањето на 75 години постоење, во соработка со продуцентската куќа Галактика Пиктурес и режисер Проф. Владимир Блажевски за кој добивме и подршка од Агенцијата за Филм на РСМ.

Во документарниот филм е предвидено да се направи една ретроспектива но и комбинација на минатото и сегашноста на Вардар Филм-Скопје, односно почетоците и развивањето на македонската кинематографија, па се до денешниот концепт на Вардар Филм како модерен филмски центар. Снимањата се предвидени да почнат во првото тримесечје, а воедно овој филмски проект е планирано да се заврши и после премиерно да се прикаже кон крајот на 2022 година, и ќе има главен дел во манифестацијата за 75 години постоење Вардар Филм.

Овој филмски проект е дел од иницијативата за оживување и враќање на достоинството на Вардар Филм, но и многу значаен за зачувување на нашата богата кинематографска историја и култура.