- Производство: Вардар филм – Скопје
- Земја на потекло: Република Македонија
- Род: Анимиран филм
- Времетраење: 11 минути
- Година: 1976
Содржина: Филмот е направен по мотивите на песната „Барбара“ од Жак Превер. Една птица прави гнездо и потоа седнува врз него. Од гнездото, по една трансформација на волуменот, израснува град. Се појавува и јајцето кое се трансформира во око, во кое се гледа море, следува повторна трансформација, овој пат тоа се жена и маж. Следува љубов и раѓање и повторно градот израснува од гнездо. Веќе се забележуваат предзнаците на катаклизма која и настанува. Повторно се појавуваат почетните облици на филмот и следуваат слични трансформации, но овој пат со збогатени облици. Возови во движење, машини во работа и движење на луѓе. Повторно птицата-феникс на истиот простор го гради своето гнездо.
Награди: 1977 МФФ, Анеси, Специјална награда за Петар Глигоровски 1979 МФФ, Берлин, Сребрена Мечка за Петар Глигоровски
Автори:
- Режија: Глигоровски Петар
- Сценарио: Глигоровски Петар
- Монтажа: Чемчев Вангел – Лаки
- Аниматор: Глигоровски Петар
- Снимател: Вукичевиќ Мирко
- Музика: Аврамовски Ристо
- Сценографија: Глигоровски Петар
- Тон: Јаневски Јордан
- Организатор на снимање: Вељковиќ Предраг
- Соработник: Рогановиќ Милутин
Други соработници:
цртеж — Петар Глигоровски
соработници — Милутин Рогановиќ; Ристо Секлевски; Ѓоко Китанчевски