Во овогодишното издание на „Златна рамка 2021„ кој се оддржа од 25-27 јуни 2021 година, „Вардар филм„ учествуваше со изложба на неколку постери од филмските класици во продукција на Вардар филм, реквизити како стара филмска камера, стар рефлектор и други филмски реквизити. Истотака, за потребите на „Златна Рамка„ Вардар филм даде согласност за прикажување 2 кратки играни филмови „Чарли Паркер„ и „Ливада„ во негова продукција. Во свеченото доделување на наградите беше присутен и директорот на НУФЦ Вардар Филм, г-дин Сани Саиди, придружуван од дел од тимот на установата.