На 13.04.2022, директорот на НУФЦ Вардар филм, г-дин Сани Саиди, придружуван од дел од својот тим, на покана на Фондацијата Лумбарди допатува во Призрен, Р. Косово, каде беше потпишан Меморандум за соработка меѓу двете институции, со кој ќе се продлабочи соработката на меѓународен план.
Фондацијата Лумбарди и НУФЦ Вардар филм – Скопје се посветени на продлабочување на соработката на долгорочен план во развивање на филмски програми, едукација за историја на филмот,програми за размена на искуствата помеѓу двете институции, како и проширување на капацитетите и регионалната соработка на институциите на филмот и кинематографското наследтсво.
Во склоп на ова соработката, ќе се прикажат и првите два филма, Жед (1971) и Македонски дел од пеколот (1971) во продукција на Вардар Филм, под филмската програма “LXX”, а во склоп на планираните активности за одбележување на 70 години од отворањето на Кино Лумбарди.
Славното минато на двете институции во светот на кинематографијата ќе биде двигател за заедничките проекти во филмската дејност кои ветуваат една светла иднина со многу успеси !
Лумбарди е поранешно кино, граѓански простор и независна културна институција со седиште во Призрен, Косово. Додека, Фондацијата Лумбарди е невладина организација основана во април 2015 година како продолжение на Иницијативата за заштита на киното Лумбарди.