Изминатите денови, директорот г-дин Сани Саиди придружуван од дел од својот тим, на покана на Филмски Центар Виба Филм беше на работна посета во Љубљана, Р. Словенија, каде беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУФЦ Вардар Филм Скопје и Филмски Центар Виба Филм Љубљана, претставувано од директорот г-дин Војко Стопар, што го означува почетокот на соработката меѓу двете институции во филмската дејност на регионален и меѓународен план.
Ова е прв Меморандум што Вардар Филм го потпишува со институција на земја-членка на Европската Унија, кој овозможува и иницираа долгорочна и продлабочена соработка во делот на:
Зајакнување на меѓуинституционалните односи и приближување на кинематографијата на двете земји;
Размена на најдобрите искуства и практики;
Трансфер на знаењата и подобрување на услугите во филмскиот сектор двете филмски центри;
Заедничко развивање на различни едукативни програми наменети за персоналот, филмските работници со посебен фокус на младите кадри;
Подготовка и реализација на заеднички проекти во филмската дејност, а воедно и заедничко аплицирање за обезбедување на европски фондови за развивање и модернизација на нашите филмски центри;
На средбата беше одредена динамиката на реализирање на договорените проекти и заедничкото делување во духот на потшишаниот меморандум.
#новопартнерство
#вибафилм_вардарфилм